Бошкоски: Немам особена потреба да го гледам Мијалков

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Мислам дека конечно ќе профункционира правната држава и дека сите ќе ги стигне правдата, изјави Љубе Бошкоски по денешното судско рочиште за предметот „Тортура“, кое беше одложено. Тој порача дека ова судење треба да служи како пример како не треба во иднина да се применува законот.

Рече дека не сака да прејудицира дали поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, треба или не треба кривично да одговара.

„Целиот свет слушна во каков тоталитарен режим живееше Р. Македонија и навистина не чувствувам специјална потреба да го видам тој лик на судењата, но ако судот одлучи дека тој треба да се појави, тогаш сигурно ќе се појави“ истакна Бошкоски.

Тој рече дека оние што го апсеа ги гледа првпат по седум години.

„Првпат ги гледам по седум години. Истите ликови се, но не се расположени како тој ден кога ја извршуваа задачата дадена од нивниот наредбодавец и шеф, тогашниот директор на УБК“ рече Бошкоски.

makfax.com.mk

Share.