Согласно денешното барање на Градоначалникот на општина Битола за свикување на вонредна седница, Советот на општина Битола ќе оддржи вонредна седница на 18.05.2023 година, соопшти попладнево координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Бојан Бојкоски.
„Бидејќи до денес нема закажано редовна седница во месец мај а со цел нормално фунционирање на Советот на општина Битола согласно член 52 од Деловникот за работа на Советот на општина Битола советничката група денес поднесе и барање за одржување на редовна седница која треба да се одржи наjдоцна до 31.05.2023 година со цел доследно почитување на програмата за работа на советот која беше едногласно усвоена од страна на сите советнички групи.
Ги повикуваме сите советнички групи во советот на општина Битола без оглед на политичката определеност да земат активно учество во работата на советот на двете седници и да не бојкотираат бидејќи сите ние сме избрани да носиме одлуки во интерес на сите граѓани.
Битола повеќе нема време за губење пред нас е интензивна градежна сезона во која треба да бидат реализирани голем број на проекти и за кои треба да бидат донесени битни одлуки од Советот на општина Битола без кои не може да се реализираат.
Доста беше од политиканство и опструкции, работата на советниците е во Советот на општина Битола“ рече Бојкоски.












