ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ВО СОВЕТОТ СЕ ГЛАСА КОГА НА НЕКОЈ МУ СЕ ТРЕСИ СТОЛЧЕТО

Се очекува во процедура во Советот на Општина Битола да влезе ребалансот на буџетот. Ставот е веќе познат на ВМРО ДПМНЕ за овој ребаланс дека ќе бидат за, дотолку повеќе што како што рече Бојкоски за Тера пред неколку дена, дека толку биле добри што буџетската рамка е проширена за 53 милиони денари. Таквото проширување и дополнителните финансиски средства ги дава министерството за финании по однос на Данокот на додадена вредност и како што вели Бојкоски одличните резултати кои што ги имала општината.

„Тоа е допис кој што стигна од министерството за финансии, редовни се тие дописи врз основа на остварените приходи кои што ги прави општината и расходите по однос на капиталните инвестиции и се проширува буџетската рамка до 53 милиони денари врз основа на дописот кој што е испратен од министерството за финансии“ вели советникот Бојан Бојкоски.

Вели дека добра е реализацијата на ланскиот буџет и затоа била донесена завршната сметка. Но како?

„Бидејќи дел од програмите кои што беа реализирани, беа со реализација над 70 проценти“ вели тој.

-Тоа едногласно сосијала беше.

„Точно така, бидејќи тогашната власт СДСМ и останатите кои што се тука советнички групи се уплашија од распуштање на Советот и беа примоирани да гласаат за. На сите наредни квартали, видовме на претходната седница, кварталите се гласаат против бидејќи нема законска обврска доколку не биде изгласан кварталот да се распушти Советот. Единствено како што кажав јас, во Советот на Општина Битола се гласа кога на некој му се треси столчето“ вели Бојкоски.

Го прашавме и за забелешката на Корлевски дека не бил испочитуван договорот од лани дека и  при креирањето на ребалансите да учествуваат сите.

„Вклучувањето на советници е во делот кога ќе се дојде на расправа, комисиската расправа и седницата на Советот. Кога се изработува буџетот, тоа е обврска на општинската администрација“ вели тој.

СДСМ не препозна капитални проекти, а Бојкоски ја споменува новата боксерката сала и јужната трибина.

„Претпоставувам дека го нема добро, детално разгледано буџетот. Кога ќе го видат детално и ќе биде образложено, во делот на Развојната програма, едногодишната програма и останатите програми. Од информациите кои што ги имаме од оштинската администарција и по наше инсистурање беше дека проектот кој што е изработен за боксерска сала имаше важечко одобрение за градба истото сега ќе биде возобновено и Битола ќе добие нова боксерска сала која што ќе биде една од посовремените во државата“, вели тој.

Очекувањата се дека ребалансот на почетокот на јули ќе влезе во процедура, а да биде изгласан до 15 јули.

Дали ќе обезбедат поддршка од други советници, засега не е познато.