ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ЖАЛАМ ШТО СЕ НАПРАВИ ТАКВО ЕТИКЕТИРАЊЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ ОД СТРАНА НА ИЛИЕВСКА

За тогаш како што го нарековме збунетиот совет, разговаравме и со главниот во советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски. И него го прашавме дали не требаше да се фокусираат за бројките од завршните сметки на училиштата и градинките, а не за тоа кој директор од која партија е.

„Тоа политичко етикетирање го направи претседателката на Советот и тоа е своевиден преседан во работењето на Советот. Во изминатите неколку години сведоци сме дека претседателката на Советот неколку пати со записници од државниот инспекторат за локална самоуправа тоа го имаше потврдено и навистина жалам што Општина Битола има таков претседател на Совет, кој што ги етикетира директорите. До сега никогаш за ниту едно гласање не биле етикетирани директорите“ вели Бојкоски.

Бојкоски вели дека жали што се направи едно такво етикетирање.

„Тие сепак се пред се просветни работници кои што станале директори и навистина жалам што се направи едно такво етикетирање од страна на претседателката на Советот, која што доаѓа од една независна советничка група“ вели тој.

И кај него мало потсетување како се гласаше.

Се погласна е темата за ново мнозинство во советот. А, бидејки ВМРО ДПМНЕ го изгуби, логично е прашањето да го упатиме до Бојкоски.

„За мнозинството се надевам дека ќе биде побрзо, бидејќи светоци сме дека, еве пред некој ден ми излезе дека скоро една година се кочат велосипедските патеки во градот и навистина тоа е жално. И дел од други процеси кои што се кочат од страна на дел од советниците тука. Се надевам дека во брзо време ќе бидат откочени сите процеси во Општина Битола, кои се кочат тука во Советот од одреден број на советници“ вели Бојкоски.

А, дали Бојкоски има амбици да седне горе од каде може да ги гледа сите?

„Апсолутно немам амбиции да седнам на тоа столче, таму треба да биде човек, има уште година, година и половина до наредните локални избори, кој што нема да ги кочи процесите, кој што ќе ги клава сите точки на дневен ред кои што доаѓаат од општинската администрација и нема да се бориме со државен инспекторат за локална самоуправа, со инспекции, бидејќи сведоци бевме дека во изминатите скоро година и половина имаме само вонредни редовни контроли од државниот инспекторат. Затоа треба да се откочат процесите и општина Битола, Советот да биде навистина еден мотор кој што ќе ја движи општина Битола напред“ рече Бојкоски.

Октомври до година овде ќе има нов состав. Кој ќе биде лево или десно рано е да се препоставува. А, до тогаш како што вели Бојковски советот мора да биде мотор кој ќе ја движи Општина Битола напред.