На денешната седница на Советот на Општина Битола многу точки на дневниот ред. Јавните претпријатија доминираат, односно нивните финансии и планови. Исто така на оваа седница и барањето за зголемување на цената на водата и канализацијата, како и субвенционирањето на три јавни претпријатија.
Бојкоски за цената на водата зборува повеќе за процедурата на регулаторната комисија. Го прашавме и за работата на комисиите во Советот на Општина Битола, за проектот за изградба на влезот на Битола од страната на Прилеп, за констатацијата на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски дека бившата градоначалничка Петровска треба да им каже на сегашната локална самоуправа како се води град, за украсувањето на Битола и за огнометот, кој оваа година нема да го има за дочекот на Новата 2024 година.
„Личен мој став е дека за Новата година треба да има огномет“ вели тој.












