ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ОСТАВКА НЕМА ДА ДОБИЈАТ

Прашан за кавгата меѓу него и битолската ЛДП која се одвиваше на социјалните мрежи за ракометното дерби и за Широк Сокак во Бело, советникот Бојкоски вели:

„ЛДП е умрена политичка партија на битолската сцена. Исто така по парламентарните избори таа партија најверојатно и ќе замри. Апсолутно се неточни тврдењата дека со пари на општината се прославувала победата на РК Пелистер-Еурофарм. Сликата за која тие тврдат дека се частеле луѓе е апсолутно неточно, бидејќи спортскиот директор на РК Вардар седеше на соседната маса и дојде кога не виде дека бевме заедно и со дел од навивачите, дојде да честите за победата на РК Пелистер која ја издвојува во саботата против Вардар“ вели Бојкоски.

ЛДП праша за кој Бојкоски навиваше на ракометното дерби.

„Бидејки ВМРО ДПМНЕ не го поддржа проектот на силен РК Пелистер и гласаше против, а Бојковски е нивниот истурен играч, тогаш одговорот за кого навиваше господинот заменик Градоначалник, е повеќе од јасен“ стои меѓу другото во фејзбук статусот на ЛДП.

Го прашавме Бојкоски и за оставката која од него ја побара битолската СДСМ.

„СДСМ и ДУИ ќе бидат жестоко поразени на овие парламентарните избори бидејќи криминалците во нивните редови се добро познати на целата македонска јавност и истите ќе бидат поразени на купче заедно и СДСМ и ДУИ и ЛДП и ќе заминат во длабока опозиција, а нивните криминалци ќе одговараат пред законот. оставка нема да добијат“ рече советникот Бојкоски.

Со реакција се огласи и советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, кој меѓу другото вели?

„Човекот дојде на пристоен начин честиташе победа на Пелистер и после културен разговор замоли за слика со цел испраќање обединувачка порака и дека ривалството во спортот треба да остани на трибините и на теренот, но не и надвор од него.

Вие “господа” од СДС и ЛДП сте виновни за децениската поделба на македонецот во сопствената држава, вие со ова придонесувате кон уште поголема поларизација во општеството“ напиша советникот Ѓорѓиевски.