Денес на седница на Советот на општина Битола се донесени неколку одлуки.
Донесен е правилник за отстранување и пресметување на непрописно запрени или паркирани возила, хаварисани возила и приколки.
„Резултатот ќе биде повеќе паркинг места низ градот и потенцијално ќе се намали проблемот кој голем дел од граѓаните го имаат а тоа е недостаток на паркинг простор“ вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојоски.
Исто така вели дека извршени се измени и дополнување на Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2022 година, а со измената е предвидено изградба на улично осветлување на улица 16-та и со тоа ќе се реши деценискиот проблем кој го имаат жителите на оваа улица.
Исто така донесена е и одлука за санација на ударни дупки и преклопи со иновативен метод со употреба на пластичен асфалт со кој ќе се продолжи векот на асфалтот на улиците, вели Бојкоски.
Ова значи дека повеќе нема да се чека да почнат со работа асфлатните бази, дека нема да има санирање со ладна асфалтна маса.












