Пред советниците на 39-та седница се најде и годишниот извештај за реализација на програмата за активности од областа на спортот и младите за 2023 година. Откако советникот од СДСМ, Борче Корлевски критикуваше за нереализираното, Бојкоски рече дека свесни се сите дека сериозни финансиски средства се одвојуваат од Општина Битола и дека општината издвојува најмногу пари од сите општини за спорт.
„И сите сме сложни дека тие средства треба постепено да се намалуваат“ вели советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.
Во продолжение рече дека сака да се задржи на реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“.
„Планинарскиот дом „Копанки“ во првичните разговори кои што ги имавме и вие ни кажувате дека ќе чини 50, 60, 100 ијади евра, куќарка ќе се направи, дека има проект, само треба да се одделат финансиските средства. Оделивме 3,8 милиони денари за реновирање на планинарскиот дом „Копанки“, немаше проект, се изработи проектот кога стигнавме до сума во висина од речиси 500 илјади евра, толку чини реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“. Има изработен проект, ревизија, дозвола. Реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“ почитувана јавност ќе чини близу 500 илјади евра. Ние како општина треба да изнајдеме финансиски средства и можност истиот да биде реконструиран, без разлика кој проект, кој го предложил.
Планинарскиот дом треба да биде приоритет и треба да биде изграден. За тоа сме сложни. И тука кога се внесуаше во програмата, заедно сите советници тука од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, кажувавме да, дека треба да се направи тоа.
Се случи договор, добивме материјал од страна на ПСК „Пелистер“ како се трошат финансиските средства, секој еден денар потрошен, е приложен во финансискиот извештај кој што е подговен од страна на ПСК „Пелистер“. Ова можам да кажам дека е единственото здружение кое што има доставено ваков извештај до нас, со изводи и плаќања за се што е платено. И така треба да биде за сите здруженија и за сите кои што добиваат финансиски средстава од општината.
Точно е и тоа што го кажа колешката Илиевска и јас се согласувам дека еден милион денари во буџетот на Општина Битола за 2024 година се премалку за да видиме некаква напредна фаза. Еден милион денари се премалку финансиски средства за „Копанки“ рече Бојкоски.












