ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ЧАС ПОСКОРО ТРЕБА ДА БИДЕ СВИКАНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

Откако беше потпишан договорот во Владата на Македонија, меѓу министерката за култура и градоначалникот на Битола за средства за реконструкција на поранешниот објект „Парк“, градоначалникот на Битола, од пред објектот побара свикување седница на Советот на Општина Битола, заради потребата од усвојување на точки поврзани со овој објект, но и ги спомена велосипедските патеки.

За ова побаравме став и мислење од координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

„Час поскоро е потребно да се одржи седница на советот на општина Битола на која треба да биде донесенa одлукa за измена на програмата за развојни планови 2024-2026 во која ќе биде внесена реконструкцијата поранешниот објект ПАРК, како и донесување на одлука за кофинансирање на проектот Smart4You2 за изградба на велосипедски патеки со цел искористување на средствата на ЕУ и истите да не пропаднат и конечно Битола да има велосипедски патеки. Во програмата на сите политички партии во 2021 година за локалните избори сите ветувавме велосипедски патеки, сега кога сме на чекор до реализација на истите потребно и сите да ги оставиме суетите настрана и сите да гласаме за Битола“ стои во одговорот на Бојкоски.