БПЦ може да сподели Свето миро со МПЦ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

БПЦ ќе ја разгледа можноста годинава за прв пат да го сподели Светото миро но и Благодатниот оган од Ерусалим со МПЦ. Иако до сега ова не беше пракса – бугарскиот патријарх Неофит во изјава за медиумите честитајќи им го Велигден на верниците рече БПЦ  е автоќефална црква и само афтокефалните цркви имаат право да прават свое миро и доколку МПЦ побара, должни се да го разгледаат ова барање.

„Ќе го разгледаме барањетo, до сега не сме давале. Сепак подготвувањето на Светото миро означува дека БПЦ е афтокефална, а само афтокефалните цркви имаат право да прават свое миро. Ние се радуваме поради тоа и денеска свечено го одбележуваме .“ – Неофит Патријарх на БПЦ

Од МПЦ пак веќе информираа дека  на 7 април на Велика сабота  митрополит од МПЦ на аеродромот во Софија ќе ја чека бугарската делегација која треба да слета од Ерусалим и од неа да го превзеде Благодaтниот оган. Од Синодот дообјаснуваат:

„Благодатниот оган годинава во Софија од Ерусалим ќе го донесе бугарскиот митрополит Антониј кој треба да слета на софискиот аеродром на 7 април, Велика сабота, во 19:30 часот по бугарско време, по што Благодатниот оган ќе биде пренесен до сите храмови во Бугарија, а преку македонскиот митрополит и до сите православни светилишта во Македонија.“

И бугарскиот митрополит Антониј  ја потврди оваа инфомација за БТВ.

„Се надеваме дека по програмата во 19 и 30 или 20 часот вечерта на 7 април ќе се вратиме на аеродромот во Софија каде ќе го донесеме Благодатниот оган . Тоа е земјен и духовен подарок кој БПЦ и Бугарија ќе го направат и ќе го пренесат за нашите сонародници за тој празник над празниците.“ – изјави отец Антониј  Западно – европски митрополит БПЦ.

Благодатниот оган се пали секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Тој се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти не зрачи топлина и не предизвикува изгореници. На настанот присуствуваат голем број на верници но и делегациите кои официјално се поканети.

Share.