Браната “Стрежево” стабилна после земјотресите

На браната “Стрежево” извршена е теренска проспекција со придружните објекти и терените околу акумулацијата, во однос на евентуални оштетувања, кои би се јавиле како последица на земјотресот, кој се почуствува во Битола, велат од јавното претпријатие.

Од теренскиот увид констатирано е дека не се забележани видливи промени на телото на браната, како и на придружните објекти: зафатна кула, водостанска кула, шахтен прелив, инјекциона галерија, бучница и прибрански хидроцентрали.

Браната “Стрежево” сеизмички е инструментирана со 5 акцелерографи кои ги оскултира Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – Скопје (ИЗИИС).

Засилено мониторирање на браната со придружните објекти ќе продолжи и во следниот период, со цел детектирање на аномалии настанати после земјотресот и подоцнежните афтершокови.

Сподели