Бранковски го освои 21. место во Токио во стрелаштво со воздушен пиштол

Борјан Бранковски настапи во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри во конкуренција на 36 натпреварувачи и го освои 21. место. Тој оствари 573 круга и за него тоа е трет најдобар резулат на големите натпреварување.

Во финалето пласман изборија првите осум, а за тоа беа потребни 578 круга и тоа беше недостижно за Бранковски.

Олимписки шампион во оваа категорија е Џавад Форуги од Иранд, Дамир Микец од Србија освои сребро, додека бронзениот заврши кај Веи Панг од Кина.

Сподели