Бран штрајкови во Франција

0
131

Железничките работници во Франција го започнаа тримесечниот штрајк, што претставува голем тест за францускиот претседател Емануел Макрон, кој најави реформи во земјата, пренесе АФП.

Штрајкот на железницата ќе влијае врз околу 4,5 милиони граѓани кои користат воз, едно од омилените превозни средства во Франција, и ќе трае до 28 јуни ако Макрон не се откаже од плановите за големи промени во државната железничка компанија СНЦФ.

Персоналот на авиокомпанијата Ер Франс, ѓубреџиите и поедини работници во енергетскиот сектор, исто така, денес ќе имаат одделни штрајкови во атмосфера на се поголеми социјални тензии, 11 месеци откако Макрон е избран за претседател на Франција.

Пензионерите, студентите и вработените во јавниот сектор протестираа изминатите недели поради реформите што ги најави 40-годишниот Макрон.

Само еден еден брз воз ќе сообраќа од осум, како и еден од петте регионални.

Во Ер Франс каде вработтените штрајкуваат по петти пат за зголемување на платите, раководството соопшти дека 75 проценти од летовите ќе бидат оперативни. Следните штрајкови се закажани за 7, 10 и 11 април.

Аналитичарите веруваат дека бранот штрајкови ќе биде тест како за Макрон така и за синдикатите кои повикувајќи на штрајк можат да поттикнат уште поголемо незадоволство во општеството.

mkd.mk