Брегзит без договор е катастрофа и за ЕУ и за Британија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Неформалниот самит на Европската унија во Салцбург е посветен на Брегзитот, односно на неопходноста излегувањето на Британија од Унијата да биде со договор, кој засега се уште е тешко да се постигне.
Британската премиерка Тереза Меј, пристигнувајќи на самитот во Салцбург ги повика колегите на Европската унија да го следат нејзиното водство и да го адаптираат својот преговарачки став за Брекзитот за да се постигне добар договор.„И ако сакаме да постигнеме успешен заклучок, исто како што Велика Британија ја разви својата позиција и ЕУ ќе треба да ја развива својата позиција исто така. Но, јас сум убедена дека со добра волја и одлучност можеме да постигнеме договор кој ќе биде добар за двете страни“, рече Меј.Таа ги бранеше нејзините предлози за идните царински и трговски односи, наведувајќи дека тие се единствените кои не предвидуваат цврста граница со Северна Ирска.Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, повика на пријателство и почит во преговорите меѓу Британија и Европската унија за Брегзитот.
slobodnaevropa.mk
Share.