Брзината и заморот причини за поголем број на сообраќајки во летниот период

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според статистичките податоци, традиционално во летниот период двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а со тоа двојно се зголемува и бројот на загинати и повредени во сообраќајни незгоди.Во услови на висока температура и зголемена сообраќајна фрекфенција, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведува кампања во која што реализира голем број на сообраќајно  едукативни активности .

-Според статистичките податоци најголем е бројот на сообраќајните незгоди од преголемата брзина, непочитувањето на правилата и прописите, заморот во летниот период, се вози подолг временски период од дозволеното и за сметка на тоа се случуваат несакани ситуации, рече Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

-Почитувајте ги правилата и прописите за да не се случи она што е најнепожелно во овај момент сообраќајната незгода која со ништо неможе да спореди и да се избрише, каде некогаш живото може да биде влог во таквата ситуација, додаде Кожуваровска.

Активностите од Републичкиот совет за безбедност во сообрачајот ги  спроведуваат во соработка со Министерството за внатрешни работи, Автомотосојузот на Македонија и Сообраќајниот центар „Америт“. Минатата недела кампањата „ Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно“ ја спроведија  во Битола.

Share.