Британскиот сој во Битола го нема, но го има во Прилеп

Расте бројот на заболени од британскиот сој на коронавирусот во Македонија. Последно беше соопштено дека во лабораторијата на МАНУ се потврдени 45 случаи. Мутацијата е дететктирана во повеќе градови низ државата, а најмногу заболени од овој тип на вирусот се од Прилеп и Охрид.

Во Битола според информациите од министерството за здравство не е декектиран британскиот сој, рекоа за Тера од министерството.

Во моментов во земјава британскиот сој на вирусот е присутен кај пациенти во Охрид, Прилеп, Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес меѓу кои поголем број заразени има во Охрид и Прилеп. Вкупно 45 лица се заразени во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021, а првиот случај е откриен на 13.01.2021 во Охрид.

Во Битола го нема, но го има во Прилеп.

Од центарот за јавно здравје во Прилеп велат дека  од вкупно 45 случаи на британски сој на коронавирус во земјатав, 10 се од Прилеп.

Преку Инфективното одделение на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески”- Прилеп, на 7 февруари се земени брисови од петмина пациенти, на 6 февруари од двајца, а во последната недела од јануари од тројца пациенти. Од нив, седуммина се наоѓаат на домашно лекување, а тројца се хоспитализирани.

Од причина што британскиот сој е позаразен во однос на претходниот сој, во наредниот период очекуваме зголемување на бројот нови случаи на коронавирус. Од Центарот за јавно здравје упатуваат апел до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус: носење заштитни маски, држење дистанца, миење раце, како и мерките на Владата за забрана за групирање на јавен простор.

Сподели