Британските лордови ја сакаат Македонија во НАТО и без решен спор за името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Домот на лордови, кој е горниот дом на Британскиот парламент, во својата стратегија за Велика Британија и односите со Западен Балкан во еден од заклучоците смета дека Македонија мора да стане членка на НАТО без оглед дали ќе го реши или не спорот за името кој го има со Грција.

Ова е прва државна институција во Европа која јасно и јавно искажала став дека треба да се направат сите можни напори Република Македонија како докажан сојузник и поддржувач на политиките на НАТО конечно да стане членка на алијансата и да не биде притоа блокира од Грција доколку во меѓувреме се уште нема решение на спорот за името.

Секако, Домот на лордови нема премногу овластувања во британскиот политички систем бидејќи овие парламентарци не се избрани директно на избори како народни избраници туку се назначени според заслуги и титули во согласност со британската круна.

Share.