Британски парламентарци бараат одлагање на Брегзит

0
161

Лондон би требало да разгледа можност за одлагање на Брегзит бидејќи можно е да нема доволно време за постигнување договор со Европската унија пред Британија да го напушти тој блок, соопшти одбор на британски пратеници, јави МИА.

Одборот на Долниот дом на британскиот Парламент за напуштање на ЕУ, во соопштение нагласува дека ако главните аспекти на идните односи со ЕУ останат нерешени до октомври, Британија треба да се фокусира на „ограничено продолжување“ на своето членство во блокот.

Во денешниот извештај пратениците наведуват дека за предложениот преоден рок од околу две години би требало да постои можност за продолжување во случај на потреба.