Британците го чекаат Путин да објасни кој труе руски агенти

0
217

Британската влада му постави рок на рускиот претседател Владимир Путин да излезе со образложение дали руската држава стои зад нападите врз поранешни руски разузнавачи со нервни гасови, од кои последната жртва е Сергеј Скрипал кој истовремено работел и за британските разузнавачки служби како двоен агент.

Премиерката Меј му посочи на Путин дека има време до вторник да даде официјално државно објаснување за таргетирањето на поранешни агенти на Русија со нервни гасови при што дел од нив загинаа, а некои како Скрипал и неговата ќерка се во тешка состојба со трајни последици.

„Ова или е директен акт на Руската држава против нашата земја, или руската влада изгубила контрола од овој потенцијално катастрофално опасен нервен гас и дозволила да се најде во рацете на други страни“, потенцираше премиерката Меј

Врз Скрипал бил употребен нервниот гас од групата Новичок кој е познато дека е користен од страна на руските служби во 70-те и 80-те години како еден од најопасните отрови.

Владата го повика рускиот амбасадор Александар Јаковенко да даде образложение во име на Путин и Русија, а рокот истекува на полноќ.

Осудата за нападот стигна од ЕУ и САД, а досега Русија категорично ги негира овие обвинувања со тврдењето дека со труењето на Скрипал нема што да добие.