Бритни Спирс со солзи го коментираше документарецот Framing Britney Spears

Пејачката Бритни Спирс веќе 13 години е заглавена во судски спорови обидувајќи се да ја врати контролата врз своите финансии и својот имот која ја изгуби уште во 2008-ма година а правото врз тоа го стекна нејзиниот татко. Таа беше една од најголемите музички ѕвезди а сега поминува низ агонија обидувајќи се да ја врати контролата врз сопствениот живот. Бритни беше тема на неодамна објавениот документарец на „Њујорк Тајмс“, а во вторникот за првпат го прекина молкот за филмот, признавајќи дека се чувствувала засрамена од содржината на продукцијата.

Framing Britney Spears ги истражува проблемите околу славата на Бритни, вклучувајќи го и нервниот слом кој таа го имапе во 2008 година, што резултираше со тоа да биде ставена под трајно старателство на татко и, а пејачката рече дека гледањето делови од филмот ја оставило во солзи. Во објавата на Инстаграм, таа напиша: Мојот живот отсекогаш се шпекулираше, бев нагледувана и судена целиот мој живот !!! За здрав разум треба секоја вечер од мојот живот да танцувам за да се чувствувам диво и човечки и живо !!! Изложена сум цел живот настапувајќи пред луѓе !!! „Не го гледав документарниот филм, но од она што го видов бев засрамена од светлината во која ме ставија … плачев две недели и … сè уште плачам понекогаш,“ пишува Бритни.

Сподели