Бронзен медал за Стефан на Интернационалната олимпијада по хемија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, оствари средба во неговиот работен кабинет со Стефан Дамчевски од Демир Хисар, ученик во приватното средно училиште „Јахја Ќемал”, Струга, кој е добитник на бронзен медал кој му беше доделен на крајот од беспрекорно организираната, јубилејна, 50-та Интернационална олимпијада по хемија. Во конкуренција од 76 земји од целиот свет и точно 300 натпреварувачи, Стефан успеа да се вброи меѓу освојувачите на бронзени медали.

Стојановски му честиташе за големиот постигнат резултат и освоениот медал на Меѓународното натпреварување. Му посака многу успех и во понатамошните натпреварувања, а во рамките на можностите, приоритет на Локалната самоуправа е посветеноста, поддршка и помагање на сите талентирани ученици од нашиот крај, за поголема мотивираност и развој на образовни мерки за знаењата, потенцираше градоначалникот.

Сојузот на хемичарите и технолозите (СХТМ) изразува огромна благодарност на поддржувачите, особено на „Факултети.мк” кои покажаа огромен интерес и иницијатива за промоција на нашиот тим, а исто така и актуелизирање на проблемите со кои се соочуваме. Се заблагодаруваме на издавачката куќа „Арс Ламина” која самоиницијативно понуди помош и покажа големо разбирање за проблемите со кои се соочуваме. Благодарност и до „Агенција за млади и спорт”, која оваа година издвои финансиски средства за покривање на патните трошоци и котизацијата, соопштија од општината.

Share.