„Бројаница“, нова песна на Гуру Харе и Тања Тас

Најновата песна на Игор Атанасоски ака Гуру Харе, е со наслов „Бројаница“, а е во соработка со Тања Тас, пејачка на групата „Темпера“.

Покрај Тања како вокал, учествуваат Дамир Имери на Хемонд органа и Мите Димовски на тапани.

Автор на музиката, текстот и аранжманот е Гуру Харе, кој исто така ги свири гитарите во песната.

Песната може да ја чуете на следниот линк:

„Кога човек ке ја осознае својата минливост, единственото нешто за кое што треба да се грижи е душата. Дадена ни е чиста, и треба таква да ја вратиме“, истакна Гуру Харе на социјалните мрежи.

Песната е снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ на Мите Димовски. Видеото е снимано во Градскиот парк во Скопје, а зад него стои Тања Тас.

Сподели