Бројката на хоспитализирани пациенти се искачи на 134

Во последното деноноќие 23 пациенти биле примени на лекување во Регионалниот ковид центар во Битола, со што бројката на хоспитализирани се искачи на 134 пациенти.

Во меѓувреме имаше и 11 испишани пациенти.

Денеска се починати и два пациенти од Битола на возраст од 63 и 69 години.

Вчера бројот на хоспитализирани пациенти беше 125. Од Клиничката болница во Битола велат дека меѓу хоспитализираните има и млади пациенти со многу тешка клиничка слика.

Во Ковид центарот во Битола се хоспитализирааат пациенти и од околните градови.

Сподели