Бројот на жртви во сообрајќајки се зголемува во населените места

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На ниво на Македонија животот го загубиле 155 лица, а 6.224 се потешко повредени во 4.019 сообраќајки со потешки последици, вели статистиката на Министерството за внатрешни работи.
Најголемиот број од сообраќајните несреќи се случиле на територијата на Секторот за внатрешни работи Скопје, по него следи Гостивар.
На ниво на Општина Битола статистиката бележи дека во сообрајќајни незгоди во 2017 година вкупно настрадани 398 лица, од кои во незгода загинале 28 лица, а 130 се тешко повредени.

-Точно е дека минатата година на ниво на СВР Битола значи тоа е еден поголем регион, имавме зголемен број на сообрајќајни незгоди и отскокнуваше секторот за внатрешни работи по оние показатели што ги покажуваше МВР. Тоа е резултат на неколку сообрајќајни незгоди кои се случија на патниот правец Битола-Прилеп кои што за жал завршија со смртни последици и тоа со поголем број, но исто така морам да кажам дека  загрижува фактот што бројот на настрадани лица и бројот на жртви се зголемува во населените места, не надвор не на патиштата туку на сообрајќајниците на самиот град, изјави Зоран Јошевски член на РСБСП

Јошевски истакнува дека треба да се работи на зголемување на свеста кај луѓето за поголема безбедност на патиштата.

– Треба да се работи на тој дел, набљудување на свеста пред се кај ранливите категории кај учесниците, бидејќи кај сите учесници кои што страдаат најголем број од жртвите ни се од категоријата на ранливи учесници , т.е пешаци, велосипедисти, моторциклисти и др, изјави Зоран Јошевски член на РСБСП

Статистичките податоци покажуваат дека деновите за викенд, односно петок, сабота и недела, се денови кога се случуваат најголемиот број од сообраќајните несреќи во кои има загинати и повредени лица.

Грешките на возачите, односно брзото возење е најчестата причина поради која се случуваат трагедии. Поради брзо возење во 2017 година животот го загубиле 72 лица, а 1.254 се потешко повредени. Како втора причина е недржењето страна и правец на движење, при што загинале 31 лице, а повредени се 848 и дека најголемиот број на загинати лица според возраста се лицата меѓу 41 и 64 години (52 лица), потоа лицата меѓу 25-40 години (34 лица). Што се однесува до повредени лица, најголем број повредени се меѓу 25-40 години (1.992 лица), по што следуваат луѓето на возраст меѓу 41 и 64 години (1.717 лица).

Share.