Брутално групно силување и убиство на осум годишно девојче

0
422

Бес и лутина низ Индија поради бруталното силување и убиство на осумгодишно девојче, пренесува BBC.

Телото на Асифа Бано, којашто беше од муслиманско номадско племе, беше пронајдено во шума на 17 јануари, во близина на градот Катуа.

Оваа приказна предизвика огромна медиумска дразба откако  хинду десничарските групи протестираа против апсењето на обвинетиот, кој исто така припаѓа на хинду заедницата.

Луѓето се лути што ужасното злосторство станало религиозно жариште.

Полицијата уапси осум мажи, меѓу кои и пензиониран владин претставник, четворица полицајци и малолетник во врска со смртта на Асифа.

Сепак, апсењата предизвикаа протести во хиндуистичкото мнозинство Џаму.

faktor.mk