Бугарскиот претседател Радев во официјална посета на Македонија

0
251

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе ја посети Македонија, при што ќе оствари средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Според Радев, спорот за името треба да биде решен во полза на Македонија, Грција и Бугарија.

– Бугарија секогаш се стремеше да и помага на Република Македонија и дел од таа помош е ние да не бидеме пречка, да не го оптоваруваме овој спор, кој треба да се реши меѓу Македонија и Грција. Во тој поглед, може да се смета на нас. Но јас верувам дека овој спор ќе биде решен на таков начин што нема да влијае на интересите на ниту една од овие три држави. За нас тоа значи во името да нема географски одредници кои содржат делови од територијата на Бугарија. Затоа ќе бидеме во контакт со македонските власти за да се најде решение на најдобар можен начин – изјави Радев за бугарски медиум.

На агендата предвидена е и средба на Иванов и Радев со претставници на стопанските комори од Република Македонија и од Република Бугарија.

Радев ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Тој во земјава пристигнува на покана на претседателот Ѓорге Иванов.