ТЕРА

REKLAMA???

БУЈНА ВЕГЕТАЦИЈА ВО РЕКАТА ДРАГОР

Ова е крвотокот на градот, односно реката Драгор. Бујна вегетација од двете страни на речното корито.

Кога ќе се чисти, прашавме денеска во битолска „Нискоградба“ која е задолжена за чистење на коритото.

Директорот Зоран Талевски вели дека реката секое лето ја чистат, а тоа е така заради, како што вели нискиот водостој во речното корито и временските услови.

За скоро се очекува механизацијата на „Нискогардба“ да слези во реката и да почне со чисење, за да немаме обрасната река во екот на летните горештини, а и сликата за градскиот град да биде градска.

Деновиве пак „Нискоградба“ работи на крпење на ударните дупки и прекопи и чистење на шахтите и сливниците, со цел превенција од евентуално поплавување при обични врнежи од дожд.

Деновиве Талевски заедно со градоначалникот Коњановски направиле и увид на работните активности.