Вакцините се 90 проценти ефикасни против тешки форми на ковид-19

Резултатите од нова француска студија покажуваат дека вакцините против ковид-19 го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓето постари од 50 години и се чини дека се ефикасни против делта сојот на вирусот.

Во студијата се наведува дека од 14-тиот ден по втората доза на вакцината „забележано е намалување на ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти“.

Истражувањето е направено според податоци од 11 милиони вакцинирани лица, постари од 50 години споредено со податоци за 11 милиони невакцинирани лица во истата возрасна група, во период од 27 декември 2020 година до 20 јули 2021 година.

Ова истражување се однесува само на вакцините „Фајзер/БиоНТек“, „Модерна“ и „Астра Зенека’.

Сподели