ТЕРА

REKLAMA???

ВАНГЕЛ АЛТИПАРМАКОВСКИ ПОТПИША ЗА КЛУБ ОД МОНГОЛИЈА

Младиот тренер Вангел Алтипармаковски доби интересен предизвик и ќе води тим во Монголија.

Алтипармаковски е назначен за тренер на тимот Ховд Вестер Монголија. Станува збор за клуб кој се натпреварува во првата лига на оваа земја.

Битолчанецот ќе биде првиот македонски тренер кој ќе работи во оваа земја.

Претходно во тренерската кариера Алтипармаковски работеше во младинските категории на Пелистер и Работнички, а кратко го водеше и сениорскиот тим на скопскиот клуб.