Вардарци слетаа во Скопје, прославата продолжува на плоштадот „Македонија“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

фото: sportmedia.mk

Со скандирање и запалени  факли, излјадници навивачи ги пречекаа ракометарите на Вардар на скопскиот аеродром. Прв од аеродромската зграда излезе капитенот Стојанче Стоилов со пехарот. Навивачите извикуваа „шампионе, шампионе“ и „Столе, ти си наша икона“.

Со зурли и тапани, со македонски песни, граѓаните ги дочекаа ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.

Капитенот Стојанче Стоилов го носи пехарот во раце.

Ракометарите со панорамски автобус на кој го има амблемот на клубот и пишува „Европски шампион“ од аеродромот се упатија кон плоштадот Македонија во центарот на градот каде што се организира свечен пречек и прослава на Европската шампионска титула.

Ракометниот клуб Вардар вчера стана европски клубски шампион, откако во финалето на ракометниот фајнл-фор во Келн го совлада унгарски Веспрем со 27-24.

Share.