Вардар е европски ракометен шампион

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометарите на Вардар се нови европски шампиони, откако доцна попладнево во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, во Келн славеа над унгарскиот Веспрем со 27:24.

Ракометарите на Роберто Парондо го надмудрија Веспрем, почнувајќи фуриозно и резултат од 16-11 во првото полувреме.

Последните минути од мечот донесоа многу возбудувања, но вардарските херои не дозволија Веспрем да им ја украде титулата од раце.

Ова е втора европска титула за Вардар, по таа во 2017 година.

Вака се следеше натпреварот на плоштадот Македонија во Скопје.

Share.