Вардар пресилен за Еурофарм, тешка победа за Пелистер

0
973

Актуелниот европски шампион, Вардар го совлада Еурофарм Работник среде Битола со 22-39 во рамките на 7. коло од плеј-офот на Суперлигата. Најдобри стрелци во вардаровиот тим беа Лука Циндриќ со осум голови и Даинис Кристопанс кој даде седум, а кај битолскиот суперлигаш се истакнаа Гоце Ојлески со пет и Елмир Граџан со четири погодоци.

Пелистер го надигра Пролет 62 со 23-19 и стигна до втората победа во овогодишниот плеј-оф. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Реваз Чантурија со осум и Михајло Митиќ со четири голови, додека кај Пролет се истакнаа Ласко Андоновски со шест, како и Стефан Трајковски и Мартин Манасков со по четири погодоци.