Василица во Новаци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со мазник со паричка верниците го одбележуваат доаѓањето на Православна Нова година, но и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Исто така на овај ден луѓето се маскираат и изведуваат игри под маски. Игрите под маска познати се како бабари, василичари, мечкари итн. Бабарите денес во Новаци ја продолжија традицијата која ја негуваат со децении. Сите маскирани, и младо и старо, со зурли и тапани одат од куќа во куќа, пеат песни, а домиќините ги даруваат. За најмалдите колбаси, а повозрасните наздравувија со чаша ракија и вино.

Отакако ја поминаа горна мала се собраа среде село каде што беше запален коледарскиот оган и тука играа оро и ги печеа колбасите кои што ги собраа при посетата на домовите.

Луѓето веруваат дека со маските каде задолжителни елементи се ѕвонците, клопотарците, стаповите, гајдите, тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата. Најчесто маските се сврзани за плодност, новиот живот, родот, бериќетот. Најзначајно место во групата имаат зетот и невестата.

Традицијата налага да се посети и општинската зграда. Ги пречека домаќинот градоначалникот Љубе Кузманоски, кој ги даруваше со пари.

Православна Нова година или Василица новачани традиционално ја прославуваат. Синоќа  традиционално ги запалија василичарските огнови каде во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослави Василица.Градоначалникот Љубе Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани . Ги посети големите маалски василичарски огнови во неколку населени места од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.

Share.