Вашингтон: Протерувањето американски дипломати од Русија само ги влошува односите

0
188

Протерувањето на 60 американски дипломати од Русија не е неочекувано и САД ќе се справат со тоа, соопшти синоќа Белата куќа.

Одлуката сепак дополнително ги влошува односите меѓу двете земји, истакна Белата куќа во соопштение.

Во исто време портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојер изјави дека протерувањето на американски дипломати е неоправдано и Вашингтон го задржува правото да преземе соодветни мерки.