Вашите срциња за некој се пари

0
265

Онлајн светот напредува со брзина на светлината, па така секој ден се зголемува бројот на таканаречени „инфлуенсери“. Тоа се луѓе со голем број на следбеници на Инстаграм.
Инфлуенсерите ги има и на социјалната мрежа Facebook, како и на Yutobe, Snapchat, Twitter. Но засега инстаграм е платформата која најмногу се користи бидејќи нуди визуелна инспирација која се покажала како најефикасна во маркетинг светот.

За многу фирми инфлуенсерите се многу едноставен и директен пат за пласирање на своите производи. Ако некој корисник на Инстаграм има 10.000 луѓе кои ги следат неговите фотографии, често добива пошта од компаниите кои му нудат да ги тестира или препорачува нивните производи.
Фирмите знаат дека станува збор за лица кои имаат влијание на одредена целна група и дека ја уживаат нејзината доверба.

Инфлуенсерите како канал за маркетинг како што го нарекуваат пи-ар експертите, е релативно нова можност кај нас, за разлика од остатокот во светот. Се развива толку брзо колку што се развива маркетингот, а публиката реагира на нив.

Освен бројот на следбеници, битен е и бројот на лајкови, коментари и споделувања. Сепак најголема заработка имаат оние кои пишуваат со страст за нштото што го рекламираат.
Обично, брендовите бараат инфлуенсери за некоја нивна кампања, ги чекаат нивните идеи и потоа се договараат за содржините кои треба да се објавуваат онлајн.

Некои се комерцијални инфлуенсери, па рекламираат само производи, други се занимаваат со социјална проблематика, со општествено-политички теми. Некои заработуваат и живеат од овој начин на маркетинг.

Во светот заработката е од 3.000 до 10.000 следбеници се заработува по 150 долари по пост, а од 100.000 и повеќе следачи се заработуваат над 500 долари по пост, белат од интернет пазарот.

И познатите во Македонија се занимаваат со оваа работа , сведоци сме кога на инстаграм профилите гледаме како рекламираат некој производ или пак коментираат политичка тема .
Иако за јавноста изостанува информацијата колку пари заработуваат домашните селебрити инфлуенсери од своите промо-активности на социјалните мрежи, сепак веруваме дека брендовите во иднина ќе бидат по-отворени.