Велевски и Трајковски советниците на Левица во битолскиот Совет

Народните избраници во совет кои ќе ги претставуваат заедничките цели на граѓаните, велат избраните советници на битолска Левица во Советот на општина Битола, кои како и другите ги добија уверенијата за избран советник.

„Советот е единствен локален функционален фактор кој до сега беше сокриен од јавноста. Советниците на Левица, одговорно ќе се залагаат за Битола и ќе бидат народни гласници.

Нивната заложба е одговорна, транспарентна и еднаква со народот каде што рамо до рамо ќе се борат за решавање на сите проблеми. Честа е голема да се биде народен избраник, а уште поголема е да се биде народен слуга, се работи за Македонија. Пред се покажуваме храброст без никакви отстапки кои нема да бидат во корист на битолчани“ велат од Левица.

Инаку во идниот состав на Советот на општина Битола, Левица ќе ја претставуваат советниците Горан Велевски и Гаврил Трајковски.

 

Сподели