Двете локални партии кои ја замајуваат јавноста изминативе години, ги ставаат во заблуда граѓаните преку нивни прес-конференции за моменталната ситуација во општина Битола, вели советникот од Левица, Горан Велевски.
„Советот на општина Битола е нефункционален поради ароганцијата на кадрите кои го наследија, и договорите помеѓу ДПМНЕ и СДС за лично профитерство, а во него никој нема мнозинство. „Овие препукувања кои ги чита јавноста се изрежирани сценарија, а за тоа ќе следат и прикази.
Сите договори кои се одвиваат позади затворени врати, помеѓу двете најголеми партии, се кријат од јавност, или објавуваат записи кои се во лична корист. Соработката продолжува помеѓу ДПМНЕ и СДС на локално ниво.
Тука спаѓаат “велосипедските патеки”, односно реконструкција на тротоари и нов кружен тек кои се актуелни, а јавноста нема никаков приказ како се одвивала целокупната ситуација за гласање, и како се повлекувале советници за да им помине одлуката со просто мнозинство“ вели Велевски.












