Велигденска трпеза во Здружението на слепи лица во Битола

0
490

Како и секоја година така и оваа традиционално на третиот ден од најголемиот православен празник Велигден во просториите на Здружението на слепи лица  во Битола се одржа велигденска трпеза, подготвена  од страна на членките на жени на Здружението на слепи лица Битола. Акцент на овој настан се става на запознавање на јавноста со кулинарските вештини на слепата жена.

-Ние со велигденската трпеза сакаме да покажеме дека можиме да живееме заедно сите, и затоа ги покануваме муслините на велигденската трпеза.Еве петта година по ред ја одржуваме оваа Велигденска трпеза и ова треба да прерасне во традиција , рече Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи лица од Битола.

На овој настан покрај членовите на Здружението на слепи лица од Битола присуствуваше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска, која што најави за скоро време отварање на регионален ресурсен центар во Битола.

– Денес ми е навистина задоволство да видам колку убаво е подготвена една трпеза и тоа од страна на слепи лица, што покажува всушност дека интеграцијата на слепите лица во општеството несомнено мора да се случува и тоа со многу поголема динамика. Она на што работиме наредниов период е отворање на региналниот ресурсен центар за слепи лица, работиме околу тоа во кои простории би ги сместиле, кои би биле најподобни за нив. Тоа ќе биде центар во кои што ќе можат да имаат активност сите слепи лица од регионот, изјави Наташа Петровска градоначалник на Битола.

На Велигденската трпеза присутен беше и градоначалникот на општина Демир Хисар .

-Ние моментално според моите информации со кои располагам, имаме само едно лице што е член на Здружението , меѓутоа во разговор со задолжените работници , дознав дека имаме уште две-три лица кои што се со оштетен вид и кои што сакаат да членуваат во здружението .Секако дека како градоначалник ќе им дадам материјална и морална поддршка, изјави Марјанче Стојановски ,градоначалник на Демир Хисар.

Велигденската трпеза од страна на слепите жени членки на Здружението се одржа по петти пат.