Велигденски концерт на Танец во Битола

0
400

Веќе шест децении ансамблот за народни игри и песни “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој Македонец.
Пред битолската публика го изведоа традиционалниот Велигденски концерт, во Центарот за култура презентирајки нова програма.
Пред неколку денови Танец настапи како специјален гостин на концертот на најпосетуваниот танцов-музичко-сценски спектакл на светот, LORD OF THE DANCE,
во Скопје.

Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“ е официјано формиран во мај 1949 година, а нивното прво претставување надвор од границите на Македонија се случило 1950 година во Англија на „Интернационалниот фестивал“ во Велс. На оваа манифестација членовите на Танец со изведбата на „Тешкото“ ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат највисоката награда, признание уште повеќе вредно и поради фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Од самиот почеток па до денес, за успехот на „Танец“ говорат бројните добиени награди и признанија, а „Танец“ има учествувано на над 6000 концерти и подиуми во земјата и во светот, претставувајќи се пред околу 8 милиони гледачи.
Ансамблот Танец, претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.