Велигденски собир за меѓуетничка интеграција во образованието во с.Трновци

0
1694

По шести пат се одража  Велигденскит собир во селото Трновци во општина Могила. Не пречекаа најмладите. Велигденскиот собир се одржува во рамки на проектот „Меѓуетничка толеранција во образованието“. Настанот го организира ОУ „Кочо Рацин“ од с.Ивањевци во соработка со општина Могила. Годинава темата беше „Тоше Проевски амбасадор на УНИЦЕФ.

Најсреќни беа децата. Во чест на Тоше ги пееа неговите песни, носеа маички со неговиот лик , а небото го обоија со шарени балони. Сето тоа го направија во соработка на своите наставници и родителите. Автор на манифестацијата беше Ленче Стојановска заедно со нејзината соработничка Дунавка Коштревска.

Дојде и градоначалничката на општина Могила Јасмина Гулевска,  која рече дека оваа манифестација е од големо значење за сите граѓани бидејќи според неа нашите разлики се наше најголемо богатстѕво, за градење на мултикултурно општество .

На манифестацијата имаше гости од 5 општини од  Могила, Крушево, Битола, Прилеп и Кривогаштани.Под централното ОУ „Кочо Рацин“ во с.Ивањевци функционираат 6 подрачни уилишта, а наставата ја следат 214 ученици.