Велјановска нов претседател на Сенатот на битолскиот универзитет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На битолскиот универзитет денеска се одржа првата седница на Сенатот со која претседаваше првата претседателка на ова тело на универзитетот проф. д-р  Светлана Велјановска.

Постапката за избор на Претседател на Сенатот на УКЛО ја спроведе Изборна комисија, избрана од Сенатот со јавно гласање.

Постапката е спроведена во согласност со Законот и Статутот на УКЛО на седницата на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот. Изборот беше извршен со тајно гласање, на 172 седница на Универзитетскиот сенат.

УКЛО беше првиот универзитет во нашата држава којшто реализираше избор на ректор во согласност со новиот Закон за високо образование на непосредни, тајни и слободни избори и реализира прв избор на Претседател на Сенатот на Универзитетот.

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот и вршењето на должноста Претседател на Сенат е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.

Share.