Електронската трговија е се попопуларна и на македонско како и на светско ниво. Но, исто така и измамите се глобални, па за македонските купувачи може правдата да не е достапна. Оттука, Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија направи посебен маркер којшто до некаде ја гарантира чесноста на електронскиот трговец.
Чести се моментите во кои слободното веме се минува со телефонот во рака и се вртка надолу по бескрајниот чаршав од информации, реклами и комшивката на плажа. Се почести се купувањата кои спонтано се изведуваат, за работи кои некогаш ви требале, не сте ги купиле, па еве сега ви се нудат, редовно по прифатлива цена.
Според податоците од Државниот завод за статистика за користење информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и од поединците во 2024 година[1], се забележува пораст на направените онлајн купувања/нарачки за 10 процентни поени. 63.5% од македонските интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет лани. Најмногу се купувале облека – кежуал, свечена, спортска облека, обувки ( секакви ) и додатоци популарно аксесорис. А интернет во Македонија користат преку 90% од домакинствата, што ќе рече безмалку сите.
Според податоците од Народна банка на Македонија, лани во пораст било и плаќањето со платежни картички, но кога се работи за онлајн купување – изборот бил достава до врата и плаќање во готовина. За ова потврда даваат и податоците на Findex објавен во извештајот на Асоцијацијата за е – троговија според кои 47% од македонските купувачи се потпираат на плаќање во готово, што кај домашните е-трговци постои како опција, а кај странските – не.
Но, паралелно со порастот на купување од електронски пртодавници, расте и бројот на поплаки и жалби од граѓаните дека биле измамени или нарачката не била погодена, а продавницата нема опција ниту за рефундирање/ враќање на парите, ниту за замена на производот со посакуваниот.
За да се избегне ризикот – асоцијацијата измисли маркица, маркер, Беџ за верификувани е-трговци односно електронски продавници. За да се добие овој беџ онлајн, електронскиот трговец треба на својата интернет и страници на социјалните мрежи да има поставено контакт информации, податоци за правен субјект, односно седиште / адреса / електронска пошта, Да има поставен единствениот даночен број на компанијата доколку е-трговецот е ДДВ обврзник, Да има поставено Политика за приватност и заштита на лични податоци достапна за информирање на корисниците, Да има поставено поставени Услови за користење. Во однос на плаќањето треба да прифаќа плаќање со платежна картичка, Да се истакнати цените на производите/услугите кои се нудат (со вклучени даноци или други трошоци), Купувачот да добива потврда на неговата email адреса за направена онлајн нарачка и во однос на Доставата – Да има објавено Политика за враќање на производите, Да се објавени сите трошоци на кои подлежи купувачот, вклучувајќи ги трошоците за доставата на производите, Да е објавен рокот на испораката на производите и Да се објавени начините за подигнување / достава на производите.
Беџот засега придонесува во подигнувањето на довербата кон онлајн купувањето, но и ферската, чесна работа што се прави од сите вклучени за да има профит и континуитет.
Во Македонија, тоа сепак не е гаранција дека субјектот е топтан по закон – ниту данок плака ниту за доставата сметка дава , но за тоа УЈП, според најавите на директорката Елена Петрова од Битола од пропславата на денот на даночниците, ќе се занимава со законско регулирање и е-фактура од оваа, 2025 година.











