На денешната седница на Совет беше верификуван мандатот на новата советничка Кети Неделковска која доаѓа на местото на Јасмина Буневска Талевска која поднесе оставка бидејќи беше именувана за проректор за студентски прашања на битолскиот универзитет.
Кети Неделковска како член на советот доаѓа од листата на „Најдоброто за мојата општина“.
Во свечената изјава советничката Неделковска рече дека правата и должностите како член во советот ќе ги врши совесто и дека при нивното вршење ќе ги почитува уставот, законот, прописите на советот и дека ќе го штити уставниот поредок на државата.












