Веро отвори Џамбо и во Нова Битола

0
6654

Мало старо сите во Нова Битола за отварањето на новиот маркет Џамбо. Најновата инвестиција на Веропулoс вредна околу 1 милион евра предизвика голем интерес кај битолчани и жителите од околните градови од Пелагонија. На влез се чекаше и по половина час.Големото отварање на вториот маркет Џамбо во Битола почна со спектакуларна забава за најмладите, како и со божиќна забава за целото семејство. Имаше жонглери, одачи на штули, мајстори за моделирање балони, уметници за боење на лице,а на влезот добредојде на сите посетители им посака Дедо Мраз. Од компанијата велат дека со отварањето на Џамбо продолжувааат да ја поддржувааат домашната економија преку соработка со локални добавувачи и партнери, како и со отворање нови работни места за локалното население.Во новиот маркет во Битола вработени се нови 36 лица, со што вкупната бројка на вработени во „Веропулос“ во земјава достигна 1.050 лица.-Како што веќе знаете „Веро“ во земјава е присутен веќе 20 години. Во септември прославивме 20 години, и тука сме како компанија да се шириме и да ги промовираме двата бренда „Веро“ и „Џамбо“. Со брендот „Џамбо“ сме присутни во три градови: Скопје, Битола и Тетово. Во Битола продавницата беше доста  мала па одлучивме да отвориме уште една со цел да имаме поголема и подобра понуда за потрошувачите, бидејќи се работи за голем град, и веруваме дека продавницата која што досега ја имавме беше премала за да ги задоволи потребите на купувачите, изјави Лукас Бисиоас, генерален директор на „Веропулос“ во Македонија.

Според најавите на менаџментот на „Веропулос“, компанијата и во иднина ќе продолжи со интензивната експанзија во земјава и во 2018 година. Планирано е отворање на нов Веро маркет во скопската општина Карпош, како и големо реновирање и проширување на Веро маркетот во скопската населба Тафталџе.

Освен на четирите „Џамбо“ маркети, „Веропулос“ во земјава е сопственик и на 11 Веро маркети во три граови. Од нив 7 маркети се лоцирани во Скопје и по два маркета се во Битола и Тетово. Компанијата е сопственик на трговскиот центар Веро Центар, а ја поседува и франшизата за рестораните за браза храна „Гудис“.