Веруваме дека можеме да најдеме решение

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството. Со премиерот Ципрас веруваме дека можеме да најдеме решение кое го штити достоинството на граѓаните во двете држави, напиша на својот твитер профил премиерот на Македонија Зоран Заев по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Очекуваниот датум за преговори за нашата земја ќе превенира стагнирање на реформите и на економските процеси, како и интензивирање на национализмот, и ќе го поттикне инволвирањето на трети страни во регионот“, напиша во друг твитрер пост Заев.

Пред повеќе од еден час заврши средбата меѓу Заев и Ципрас. Најавено е дека попладнево премиерите ќе одржат посебни брифинзи за новинарите.

 

Share.