ТЕРА

REKLAMA???

ВЕСНА БЕНДЕВСКА НОСИТЕЛКА НА „ЗНАМ“ ВО ПЕТТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Органите на Политичката патија Движење ЗНАМ-За наша Македонија, вчера со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор ги утврди носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните Парламентарни избори, рече на денешната прес конференција портпаролот на Движењето, Никола Мемов.

За носители на листите се утврдени следните кандидати:

– За носител на листата во ИЕ 6, магистер на правни науки, Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-За наша Македонија – Тетово,

– За носител на листата во ИЕ5, Весна Бендевска, дипломиран психолог, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, поранешна претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ 4, Миле Цеков, дипломиран економист, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Струмица.

-За носител на листата во ИЕ3, доктор на историски науки Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ2, магистер по кривично процесно право Даниел Стојчевски, Директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Куманово, и

-За носител на листата во ИЕ 1, Доц. д-р Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

В недела, на 24-ти март 2024 година, со почеток во 13,00 часот, во Спортско Рекреативниот Центар Кале во Скопје, Движењето ЗНАМ За наша Македонија ќе одржи Конвенција, на која ќе ги претстави носителите на листите за следните Парламентарни избори во сите шест изборни единици.