Ветер од 100 километри на час во Охридско: Езерото „влезе“ во кафулињата

0
1904

Силниот јужен ветар, кој на моменти достигнува брзина од околу 100 километри на час, предизвика проблеми во охридско, пренесува порталот Ohrid news. Порталот пренесува дека во Пештани паднало дрво, што предизвикало застој во сообраќајот.

Паднати гранки од дрвја има и во центарот на Охрид, како и на повеќе локации во градот.На улицата „Даме Груев“ дрво падна врз паркирани автомобили, при што е причинета материјална штета.

Југот го разбранува Охридското Езеро, кое поради поволната хидролошка состојба е на ниво над природниот максимум. Силните брановите го заплискуваат градскиот кеј, кој вообичаено на вакво време е под вода.

Македонија денеска е под влијание на циклонот Хектор кој е проследен со ветрови кои дуваат со брзина од 80 – 100 километри на час, како и пороен дожд и грмотевици, кои се очекуваат да бидат поинтензивни во попадневните часови и во текот на ноќта.