ТЕРА

REKLAMA???

ВЕТРОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА БЕШЕ СО БРЗИНА ПОГОЛЕМА ОД 70 КМ/ЧАС

Попладнево и Битола беше поголема од силно невреме. Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопско ветерот достигнуваше брзина над 40, во Крива Паланка и Штип над 50, а во Пелагонија над 70 km/h.

Доцна попладнево нестабилно беше претежно во јужните делови со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

Утре ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.