ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА ВИСОКО ЗАГАДУВАЊЕ ВО БИТОЛА

Мерната станица на министерството за животна средина во центарот на Битола, вечерва во 21:00 часот покажа високо загадување и со МП 2,5 и со ПМ 10 честичките.

Податоци за мерната станица во индустрискиот дел на Битола, интернет порталот на министерството не покажува, како што нема резултати и од други мерни станици во други градови во Македонија.

Многу високо загадување вечерва е регистрирано во Кавадарци и Кочани, а високо загадување има и во Прилеп.