Вечерва од 19:40 часот делови од Битола останаа без електрична енергија. Центарот на градот и неколку околни населби беа во мрак.
Од ЕВН Македонија рекоа дека причината за намањето струја беше испад на трафостаница и дека нивните екипи излегоа на терен за отстранување на дефектот.
По некаде час и половина почна нормализирањето со снабдување со електрична енергија.











